Градоначалникот Куртовски им посака успешна учебна година на околу 450 ученици во општина Маврово и Ростуше

Медат Куртовски, / фото: МИА

Во четирите основни, нивните подрачни, како и средното училиште во општина Маврово и Ростуше, по претходно преземените сите неопходни активности и со почитување на протоколите, успешно започна новата 2021/2022 учебна година.

– Ги посетив сите училишта во нашата општина, посакувајќи им успешна година на ученици. На првачиња, кои за првпат седнаа во училишните клупи, им посакав пред сè многу здравје, успешен училиштен почеток во деветгодишниот образовен маратон, што го започна денес во малку поинакви услови од нивните повозрасни другарчиња, со мерење температура, со маски и одржување растојание, изјави за МИА, градоначалникот Медат Куртовски.

Но, трендот на намалување на бројот на основците, како и во соседните општини во регионот, главно поради миграцијата, продолжува и понатаму. Во оваа општина бројот на основците е помал за околу 10 отсто, споредено со минатата учебна година.

– Во четирите основни општински училишта во оваа учебна година има вкупно 433 основци, што е за 43 ученици помалку. За првпат во ученичка клупа седнаа 43 првачиња или седум помалку од минатата година. Најголем пад на првачиња имаме во ООУ” Јосип Броз Тито” во Жировница, каде имаа само осум првачиња, изјави за МИА, Илбер Имероски, раководител на секторот за образование во општина Маврово и Ростуше.

Успешно, но со помал број ученици во прва година почна и наставата во средното општинско училиште „Маврово-Ростуше”. Настава оваа учебна година ќе следат вкупно 115 ученици, сите гимназиска насока, од нив 22 ученика во прва година, или седум помалку од минатата учебна година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот