Градоначалник во Албанија е обвинет дека консумирал кокаин на јавно место

Илустративна фотографија/Архива на Слободен печат

Тој вели дека видеото е монтирано и дека е мета на напад од страна на опозицијата.

Во текот на денешниот ден во Албанија, телвизијата „ABC News” објави видео во кое едно лице се гледа како консумира кокаин на јавно место.

После објавувањето на видеото следуваше реакција од страна на Демократската Партија. Според нив се работи за градоначалникот на Булќиза, Лефтер Ала.

-Јавноста е шокирана денеска од снимката каде се гледа градоначалникот на Булќиза, поставен од Еди Рама, како консумира кокаин. Кокаин, хероин, канабис, рекет се главните квалитети на оваа банда која ја краде земјата. Тие се карактеристиките на премиерот, рече поранешниот пратеник на Демократската Партија, Ервин Салиањи.

По завршувањето на прес-конференцијата, реагираше градоначалникот Лефтер Ала, кој за „News24” рече дека видеото е монтирано и дека тој е мета на напад од страна на опозицијата.

– Не сум личноста во видеото, видеото е монтирано-, рече Ала.

Видеото погледнете го тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот