Градоначалник на Москва: Треба да се вакцинираат седум милиони луѓе

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот во Москва, потребно е да се вакцинираат до седум милиони луѓе.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот во Москва, потребно е да се вакцинираат до седум милиони луѓе.

– Мора да вакцинираме 6-7 милиони луѓе во иднина, а тоа не може веднаш да се започне. Потребно е постепено да се влезе во тоа и да се развијат механизми за дигитално регистрирање и логистика на движење … испорака, складирање, рече Собјанин во интервју за ТВ Русија 1.

Собјанин потсети дека Москва прва се приклучи на големата програма за вакцинирање против Ковид-19.

Во Москва се отворени 70 пунктови за вакцинација, а следниот месец нивниот број ќе се зголеми на 170. Во моментов, вакцинацијата е достапна за вработените во градските, федералните и приватните медицински организации, вработените во образовните институции и градските социјални служби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот