Градоначалничката Петровска: Битолчани почитуваат препораки – Широк Сокак е празен

-Битолчани се однесуваат совесно и дисциплинирано. Имајќи предвид дека Широк Сокак е празен говори колку има дисциплина и почитување на препораките, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Таа истакна дека не се забележани собирања на групи, дека граѓаните се придржуваат до препораките.

-Кризниот штаб функционира на специфичен начин. Имаме посебни формирани групи, кои меѓусебе комуницираат и делат информации. Усогласеноста и синхронизираноста е на високо ниво, изјави Петровска и истакна дека укажана е на целосна подготвеност од здравствените работници, кои ги вршат превентивните активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот