Градоначалничката на Битола порачува битолчани да бидат смирени и да дозволат да се води битката против коронавирусот

Градоначалникот на Битола Наташа Петровска во обраќање до јавноста потврди дека помогнала за враќање дома на млади битолчани од Копенхаген.

Градоначалникот на Битола Наташа Петровска во обраќањето до јавноста апелира со одговорност, смиреност и без стигматизација да се води борба против КОВИД-19.

Петровска изјави дека и Битола стана град во кој е констатирано присуството на коронавирусот, а битката против него, како што таа посочи, не е битка на етникум, партија, вера, на еден или неколкумина, тоа е битка на сите, на човештвото.

-Во градот се полемизираше многу околу локацијата. Нити една локација не е подобра или полоша. Вирусот не мирува заради локацијата. Вирусот можи да се победи само со нашето однесување, со контролирана изолација, избегнување на непотребни излегувања и почитување на протоколи и препораки, а тоа со еден збор се вика дисциплина. Како градоначалник не поддржувам обзнанување на список на згрижените во оваа контролирана изолација. Тоа не се луѓе кои треба да бидат стигматизирани само заради тоа што треба да поминат денови во изолација како претпазливост на сите нас за евентуални, повторувам евентуални заразени. Конечно, да се држиме до премисата, не прави го никому она што не би го правел за ближниот свој, изјави Петровска.

Градоначалникот на Битола Наташа Петровска во обраќање до јавноста потврди дека помогнала за враќање дома на млади битолчани од Копенхаген.

-Изразувам длабока поддршка до сите здравствени работници од нашиот град, кои сите овие денови се посветени, и секако на полицијата која исто така е клучна карика во контролата на редот. Но на дел од нив им порачувам, да останат посветени на своите обврски наместо на социјалните мрежи, нагласи Петровска. 

Битолчани револтирани дека во нивниот град ќе се изолираат нашинци вратени од Малта и Загреб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот