Градоначалничката на Арачиново и нејзиниот сопруг позитивни на ковид-19

Градоначалничката на Арачиново Меликие Халими преку Фејсбук информира дека е позитивна на ковид-19.

– И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругот сме позитивни на тестирањето за ковид-19. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате. Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довела некого во незавидна позиција – напиша Халими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот