6 C
Скопје

Градоначалничката на Амстердам сака на туристите да им забрани да влегуваат во кафулињата со марихуана

Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, предлага забрана за влез на туристите во познатите кафулиња низ градот во кои се продава марихуана.

– Голем број туристи доаѓаат во Амстердам само за консумирање на лесните дроги, а таквите туристи станаа досадни, изјави Халсема на јавната телевизија.

Градоначалничката Халсема, членка на Зелената партија ГроенЛинкс, на фунцкијата е од 2018 година.

– Амстердам е космополитски град и ние сакаме туристи, но би сакале тие да доаѓаат поради неговата убавина и култура, рече таа.

Канабисот технички е незаконски во Холандија, но поседувањето на помалку од пет грама за лична употреба е декриминализирано уште од 1976 година.

Халсема на Градскиот совет му предложи уредба според која во кафулињата со канабис ќе може да влезат само оние што ќе покажат холандски пасош. Таа се надева дека градот со тоа ќе престане да биде дестинација за „туризам на меките дроги”.

Прочитајте и...  Реџепи: Владата нема доверба во своето мнозинство и се плаши од она што би го изнела опозицијата во дебата

Во Холандија има 570 кафулиња во кои може да се купи и консумира марихуана, а само во Амстердам ги има 166.

Поврзани вести

Филипче: Во текот на овој месец ќе почне имунизацијата на населението

Слободен печат

САД: Русија ги блокира напорите Сирија да одговара поради употреба на хемиско оружје

Слободен печат

Ќучук: Комисијата за надворешни работи на ЕП го усвои Извештајот за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Слободен печат

Османи им се заблагодари на гласачите: Историската победа им припаѓа на граѓаните на Косово

Илинка Иљоска

Бурна ноќ за полицијата и инспекторите: Испразнета салата „Јане Сандански“ – 150 навивачи од трибините испратени дома

Мирослава Бурнс

Стефоска: Охрид треба да биде стратешка цел и грижа на сите

Слободен печат

Остави Коментар