Градинки, училишта и министерства се греат на нафта и мазут

Кој го загадува воздухот во Скопје и кои се главните виновници за отровниот воздух кој го дишеме? Ова прашање се актуелизира секоја година, особено во зимскиот период, кога мерните станици го вклучуваат црвениот аларм.

Во минатогодишното истражување на МАНУ, кое беше претставено во Град Скопје, на прво место беа како главни загадувачи беа посочени домаќинствата. Александар Дединец, научен соработник од МАНУ, тогаш изјави дека во направената студија, како главен виновник, може да се наведе загревањето на домаќинствата во Скопје. Најбрза мерка која може да се реализира и да даде ефект, како што рече тој, е мерката за приклучување на домаќинствата кон топлификацискиот систем за греење, како и субвенции за промена на начинот на греење или користење печки на пелети, топловни пумпи или познати како инвертори, изолација на домовите.

За да се регулира тоа што излегува низ оџаците, Град Скопје отвори повик за субвенционирано чистење на оџаци. Сепак, податоците покажуваат дека не само од оџаците на домаќинствата, туку и од државните институции излегува отровен чад.

Бидејќи одлучивме малку подетално да се занимаваме со овој проблем, наидовме на информации кои покажуваат дека нееколошки средства за затоплување користат и голем број институционални објекти.

фото: Слободен печат/Завод за физикална медицина и рехабилитација- 04. 12. 2019

Покрај специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, за која пишувавме претходно, на мазут се греат уште 23 болници и заводи, чиј чад испушта ПМ 10 честички во воздухот. Покрај нив, мазут користат и Министерствата за одбрана и за внтарешни работи, што докажува и направената набавката на мазут, јавно објавена на Бирото за јавни набавки.

Прочитајте и...  Се подготвуваат локации за дезинфекција на возилата на влезовите во Кочани

Од Министерството за здравство информираат дека уште во текот на минатата година започнале со преземање чекори за промена на системот на греење во повеќе јавни здравствени установи.

„Во моментот е ставен приоритет на Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, како и на општите болници во Куманово и Струмица, поради тоа што кај нив е подготвена околната инфраструктура за гасификација. Исто така, во тек е изготвување основни проекти за реконструкција на системот за греење и за други јавни здравствени установи, меѓу кои и клиничките и општите болници, со цел да се овозможи употреба на гас во што повеќе јавни здравствени установи“, одговараат од Министерството.

На нафта и мазут се греат и училишта и градинки 

На нафта и мазут се затоплуваат и многу училишта и градинки во Скопје, меѓу кои основното училиште „Круме Кепески“ и „Рајко Жинзифов“ во Кисела Вода, „Гоце Делчев“ и клоновите „Лавче“ и „Пчелка“ и „Пчелка 1“ во населбата Лисиче, училиштето „Тихомир Милошевски“ од Ново Село, се грее на дрва а сите останати училишта во Општина Ѓорче Петров се греат на нафта. На нафта се грее и градинката „Сончогледи“ во Влае 1. Пренамена на овие објекти надлежните најавуваат наскоро.

Прочитајте и...  ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: МОМЧИЊА БРУТАЛНО ТЕПАAT ДЕВОЈКА ВО ШТИП

– До крајот на оваа и почетокот на наредната година се очекува клонот „Пчелка“ во населбата Лисиче да премине од нафта на затоплување со инвертер-клими – не информираа од општина Аеродром, не прецизирајќи што е со останатите објекти.

Од општина Ѓорче Петров пак велат дека во Буџетот за 2020 година не се предвидени средства за оваа намена, но се надеваат на донација од Шведската агенција за меѓународен развој.

„Изработивме проект за одржлив развој на општина Ѓорче Петров, со транзиција кон одржливи извори на енергија и заштита на животната средина. Со тој проект аплициравме до УНДП и Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА)“, велат од општината.

Министерството за животна средина обезбедило 121 милион денари со цел финансирање на мерки за намалување на аерозагадувањето.

На прашањето, дали имаат план и стратегија со која би им помогнале на институциите да го променат начинот на затоплување, од таму ни одговорија дека во тек на реализација се повеќе активности.

– За активноста замена на постоечките нееколошки системи за греење во домаќинства, градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти во најзагадените градови во земјата одвоени се средства во висина од 64 милиони денари. На тендерот во мај 2019 година се пријавиле 19 општини. Направена е евалуација и согласно критериумите, избрани се сите 19 општини. Воедно направена е и спецификација за посочените 45 објекти во кои ќе се врши замена на горивото – велат од Министерството.

Прочитајте и...  ОБСЕ: Централизирано информирање на српската влада за епидемијата

Од таму додаваат и дека меѓу објектите кои ќе го променат типот на загревање се и студентскиот дом „Кузман Јосифовски- Питу“, болницата во Струмица како и затворот „Скопје“.

– Започнати се активности за промена на типот на загревање на студентскиот дом Кузман Јосифовски – Питу во Скопје за што се одвоени средства во висина од 9 милиони денари и замена на системот за греење на ЈЗУ Општа болница во Струмица во висина од 5 милиони денари. За двете активности веќе се префрлени финанисиските средства од Генералниот секретаријат. За замена на системот на греење КПУ Затвор Скопје – Скопје, од нееколошки извор на затоплување (екстра лесно гориво за загревање) во еколошки, односно за воведување на природен гас и изградба на нова гасна котлара одвоени се средства во висина од 2,5 милиони денари – посочуваат од Министертство за животна средина.

Прочитај повеќе

Помош во прехранбени артикли побија над педесет семејства во Голо Брдо

Слободен печат

Путин ги продолжи неработните денови во Русија до 30 април

МИА Агенција

Владата денеска ќе свети сино во знак на поддршка за лицата со аутизам

Слободен печат

Нови 3.000 заразени во Германија и уште 31 смртен случај

МИА Агенција

Четворица кичевци не го почитувале полицискиот час

Слободен печат

Шекеринска- Каракачанов: Директна помош од Бугарија во борбата против коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Германија со девет милијарди евра ќе ја спасува економијата

МИА Агенција

Во изолација повеќе од 700 мигранти затекнати во БиХ

Слободен печат

Полициски час во Мека и Медина

МИА Агенција

ЦИВИЛ изразува згрозеност и упатува најостра осуда за бруталниот чин

Слободен печат

Пецас: За Велигден сите дома, да го „испечеме на ражен” коронавирусот

МИА Агенција

Вонредна седница на Европарламентот на 16 и 17 април

МИА Агенција