Градинката „Орце Николов“ ќе добие нова кујна

По 48 години ќе биде целосно реконструирана кујната во градинката „Орце Николов” во Карпош 3, која е и најстарата градинка на територија на нашата држава.

Општина Карпош денеска соопшти дека активно се работи на поставување нова санитарија, елементи во кујната и инсталациска мрежа. Сите санации, како што се наведува, се изведуваат во согласност со ХАСАП стандардите и насоките на Европската Унија за обезбедување квалитетна и здрава исхрана за децата.

Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев денеска ја посети градинката и заедно со директорката Надица Гировска разговараше и за други проекти што ќе се спроведат во рамки на ЈОУДГ „Орце Николов”.

– Покрај целосната реконструкција на кујната во објектот во Карпош 3, целосно се обновени и двете чајни кујни на „Орце Николов” во објектот во Карпош 4. И во оваа градинка е воведено здраво мени на исхрана, со многу повеќе овошје и зеленчук во дневните оброци, интегрален леб, семиња и сирова храна, со цел уште од рани години дечињата да стекнат една „нова култура” за своето здравје, рече Богоев.

Богоев посочи дека од јуни вработените во градинките (воспитниот кадар, негуватели, стручни работници, педагогог, психолог, логопед, дефектолог и др.) добиваат за 16 отсто повисока плата или зголемување за околу 3.000 денари (нето износ).

– Во претстојниот период се предвидува и зголемување на капацитетите на градинката „Орце Николов” во Карпош 3. Општината аплицираше и доби проект од Министерството за труд и социјална политика, со што ќе се прошири капацитетот за згрижување на најмладите, соопшти Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот