Градинка во Дебар подготвена да ги отвори вратите за најмладите

Фото: Архива на Слободен печат

Со мерките и нивните обврски, веќе се запознаени воспитувачките, негувателките и персоналот задолжен за хигиена.

Детската градинак „Брешиа”, која е единствена установа од ваков вид во Дебар целосно е подготвено за повторното отворање на вратите за дечињата.

-Во изминатите шест месеци, искрено, премногу ни недостигаше детскиот џагор. Со нетрпение очекуваме да се донесе одлуката за повторно отворање на вратите за најмладите. Извршивме темелна дезинфекција на просториите во двата објекта, а тоа ќе го сториме и пред почетокот со работа, вели Ајрије Дачи, директорка на градинката.

Посочува дека од појавата на пандемијата во просториите на градинката и се разбира дворните места редовно била вршенена дезинфекција, односно еднаш месечно. Додава дека на спроведениот скриниг сите 69 вработени биле негативни на Ковид-19.

-Интерес за згрижување на дечиња има. До денес родителите на 216 деца се изјаснија дека имаат потреба да ги носат децата во градинка. Доставија и потврди дека се вработени и двајцата родители, што е услов да се згрижи детето.Според протоколите групите треба да имаат од шест деца на возраст до две години, до максимум 15 деца од три до шест годишна возраст, додава Дачи.

Со мерките и нивните обврски, веќе се запознаени воспитувачките, негувателките и персоналот задолжен за хигиена.

Пред пандемијата во градинката згрижени беа над 330 деца, а во периодов додека таа беше затворена родителите се ослободени од плаќање месечен надомест.

Освен двата објекта во градот, истурена паралелка на дебарската градинка функционира и во селото Скудриње, едно од најголемите долнорекански села, кое припаѓа на општина Маврово и Ростуше.

Поради идеалните услови со кои располага градинката во секој апсект, создадени во изминатата деценија, со години наназад, долга е листата на чекање за згрижување деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот