Градилиштето кај „Беко“ затворено од општина Центар

Градилиштето кај „Беко“ денеска беше затворено од страна на општина Центар, бидејќи според нив сопственикот не ја почитувал забраната за изградба.

– Пред три недели на инвеститорот му издадовме решение за престанок со градба. Но, и покрај таквото решение во градилиштето постојано имаше работници. Со ова решение за забранува влез на објектот, изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Тој додаде, дека доколку не биде почитувана забраната, ќе следат кривични пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот