Градежните фирми лани потрошиле материјали и енергија од 9,6 милијари денари

Градежништво/ Фото: Слободен печат/Архива

Фирмите што се занимаваат со градежна дејност во 2019 година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.626.157.000 денари, што е за пет проценти повеќе во однос на претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата „материјали за врзување” со 3.628.819.000 денари (37,7  проценти), по што следат групите „потрошено гориво” со 1.225.327.000 денари (12,7  проценти), како и „изолациски материјали и премази” со 1.167.994.000 денари (12,1  процент)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот