Градежниот сектор стравува дека ќе има проблем со ликвидноста

Краховите во овој сектор најчесто доведуваат до трајни загуби, велат од Стопанската комора на Македонија.

Компаниите од градежниот сектор стравуваат дека веќе во април би имале проблем со ликвидноста и оти за брзо време градежништвото може да биде дел од најзасегнатите сектори поради што од Стопанската комора на Македонија бараат превентивно да се делува затоа што краховите во овој сектор најчесто доведуваат до трајни загуби.

Од таму велат дека во наредниот период се очекуваат и проблеми околу увозот на градежни материјали поради ограничените услови, но и поради престанокот на работа на фабриките.

Во вакви околности, компаниите од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија ги ставаат на услуга на државата целокупните капацитети, подготвени за целосен ангажман и секојдневно искористување на нивните капацитети и ги нудат на располагање на државата целокупните нивни оперативни капацитети, опрема и механизација.

Градежниот сектор вработува седум проценти од вкупниот број вработени во македонската економија и во изминатите години беше една од главните движечки сили за нејзин раст.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот