Градежни активности за време на летниот распуст во училиштата во Ѓорче Петров

Промена на покривот на основното училиште Димитар Поп Георгиев- Беровски во Ѓорче Петров, најавуват општинските власти. Како што информираат од општината, во процедура е тендерската постапка, а почетокот на градежните активности се очекува да започне на крајот на август.

Дали учениците новата учебна година ќе ја започнат во училиште со реновиран покрив ќе зависи од динамиката на работа која треба да ја одреди изведувачот, но и од временските услови, велат од општината.

Летниот распуст и отсуството на учениците од училиштата, општинарите го искористија и за подготовка на теренот за изградба на мала спортска сала во ОУ Јоаким Крчовски во Волково. Имено, како што информираат од општината, минатиот петок, точно пред една недела го информирале Министерството за образование и наука дека подготвен е пристапот до теренот, и наскоро се очекува да започне изградбата на спортскта сала, која би требало да биде готова за една година.

Меѓу училиштата кои ќе бидат обновени е и Тихомир Милошевски во Ново село. Имено, како што информираат од општината, советниците од Советот на општина Ѓорче Петров го ослободиле МОН од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште, по што се очекува да започне доградба и надградба на училиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот