21.8 C
Скопје

Градежни активности за спречување нови одрони на патот кон Бањиче

На потегот од  Тетово кон месноста Бањиче општината започна со градежни работи со цел превенција од можни ерозивни процеси од планинско-ридестиот предел покрај коловозната лента, пешачката патека и коритото на река Пена. Со специјална градежна механизаицја се копа на делот од планината каде се појавуваа одрони и се прават каскадни предели за да нема повторно свлечиште на земја.

-Она што се работи сега е обезбедување на просторот кој досега беше загрозувачки за минувачите. Почнавме со изработка на каскадни делови на тој дел. На тој начин ќе ги спречиме тие критични точки кои при промена на временските услови може да доведат до поголеми одрони и може да направат штета по природа и минувачите. По најкритичната точка во иднина ќе се лоцират деловите каде треба да се продолжи со направи зафатот. Предвидуваме и поголем проект за заштита на овој дел од Бањиче, информира Снежана Новаковска од канцеларијата за односи со јавноста и комуникации при Општина Тетово.

Во текот на зимските месеци во неколку наврати поголеми делови од карпи и големи камења почнаа да се одронуваат и да паѓаат долж патот кон месноста Бањиче близу Тетово, која важи за рекреактивна дестинација за пешачење, трчање и велосипедизам. Вакви одрони имаше и во февруари 2018 година кога не ни можеше да се помине со возило.  Околу месноста Бањиче каде има извори со минерална вода постојат и неколку угосителски објекти, а од минатата година патот е продолжен и до селото Бродец.

Оваа делница целосно се реконструираше откако во август 2015 година имаше невреме и поплава по што целосно се оштети патот. На делови од ридот се изградија потпорни ѕидови кои со текот на годините попуштија, а ерозијата е причина земјата да паѓа врз коловозната лента.

Поврзани вести

Над 60 отсто од новите случаи на Ковид-19 во Лисабон се од индискиот сој

Слободен печат

ВИДЕО | И покрај забраната, на Стоунхенџ се собраа стотици ентузијасти

Слободен печат

Царовска: Истражни органи треба да утврдат како се правеле набавките на учебници

Слободен печат

Израелската војска успешно тестирала противавионски ласер

Слободен печат

ГАЛЕРИЈА: Радовиш го зафати силно невреме, откорнати се неколку дрвја

Слободен печат

Невреме во Струмица: Oткорнати дрвја и урнат електричен столб

Слободен печат

Остави Коментар