Градежни активности на булеварот „Кочо Рацин” и улицата „Индира Ганди” во Скопје

Фото: Слободен печат

Екипи на Град Скопје од вечер почнуваат со градежни активности за реконструкција на крстосницата на булевар „Кочо Рацин” со улицата „11 Октомври” (кај Црвен крст).

Како што соопшти Град Скопје, градежните работи ќе се одвиваат непрекинато во наредните 36 часа, со цел во понеделник наутро раскрсницата целосно да биде проодна и сообраќајот да се одвива без застој во центарот на градот.

Реконструкцијата на целиот булевар се очекува да заврши во текот на следната недела.

Поради градежни работи – изведување на прекопи од страна на екипи на ЈП „Водовод и канализација”, улицата „Индира Ганди” вечер од 22 часот ќе биде затворена за сообраќај до утре во 5 часот.

Од Град Скопје ги повикуваат граѓаните да имаат разбирање додека траат градежните активности, а учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот