Град Скопје: „Зелен хуман град“ манипулира со граѓаните во однос на зеленилото на ул. Васко Карангелески

Фото: Фејсбук, „Зелен хуман град“

Град Скопје денеска ги демантира наводите на „Зелен хуман град“ дека со пробивањето на ул. „Васко Карангелески” ќе биде изгубено зеленило. Спротивно на тоа, како што нагласија од Град Скопје, по завршувањето на изградбата и пробивањето на улицата и нејзиното поврзана со бул. „Трета македонска бригада“ ќе биде засаден дрворед од повеќегодишни високостеблести садници по должината на целата улица, со што речиси тројно ќе се зголеми зеленилото по должината на улицата.

– Дополнително покрај тројното зголемување на дрворедот улицата во делот од крстосницата со ул. „Владимир Комаров” до крстосницата со бул. „Трета македонска бригада“ ќе добие нови тротоари, велосипедски патеки, нова атмосферска канализација и ново ЛЕД осветлување. Со тоа се зголемува нивото на безбедноста и на велосипедистите и на пешаците кои се движат на овој потег, особено имајќи предвид дека во непосредна близина се наоѓаат основното училиште „Љубен Лапе“, еден пензионерски дом и поликлиниката „Јане Сандански“, наведоа од Град Скопје.

Оттаму нагласија дека дополнително проектот за изведба на таа сообраќајница бил претставен пред иницијативата #НаTочак на состанок одржан на 23 јуни каде што се покажани решенијата за велосипедските патеки, тротоарите, новото осветлување и зазеленување на тротоарите. Ова е, како жто посочија, од особена важност за учениците од блиското основно училиште кои во моментот немаат тротоар од својата страна на улицата.

Од претставникот на иницијативата е искажано разбирање за нужното проширување, а 4 дена подоцна на истата локација Град Скопје со поддршка на иницијативата #НаТочак го реализираше настанот „Улици за луѓе“ кога улицата беше цел ден затворена за автомобили.

– Потегот од улицата кој поминува покрај основното училиште во моментов нема ниту пешачка, ниту велосипедска патека од страната на училиштето, а тротоар има само од страната на пензионерскиот дом, што и денес го прави движењето на пешаците и на велосипедистите на овој потег недоволно безбедно. Оваа сообраќајница е од исклучително големо значење за новите населби кои се изградија на местото на некогашните воени бараки и некогашната касарна Гоце Делчев, каде што популацијата е повеќекратно зголемена, потенцираа од Град Скопје.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот