Град Скопје: Водно ги исполнува критериумите за заштитено подрачје во V категорија

Водно. / Фото: Архива на Слободен печат

Врз основа на податоците од Студијата за валоризација за предлог-подрачјето за заштита „Водно” во категоријата заштитен предел, а земајќи ги предвид геолошките, геоморфолошките и биолошките вредности, како и посебното значење за жителите на Градот Скопје, се наметна заклучокот дека планината Водно ги исполнува критериумите да биде прогласена за заштитено подрачје од V категорија – заштитен предел, соопштија од Град Скопје.

Од Град Скопје наведоа дека за таа цел МЖСПП доставило иницијатива и Владата на Република Северна Македонија на 17 ноември лани ја разгледала и усвоила Информацијата и донела Одлука за прифатливост на предлогот за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел, со која го задолжила МЖСПП да спроведе јавна расправа по предлогот, да го изготви конечниот акт за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел и конечниот предлог да го достави до Владата на усвојување.

Од Град Скопје посочија дека за вклучување на засегната јавност има објава на предлог актот за коментирање на веб страницата на МЖСПП и ЕНЕР, ќе се одржи јавна расправа за предлог актот меѓу 1 и 5 февруари (со дополнителна најава и покана во јавните гласила и на веб-страницата на МЖСПП) и ќе има барања мислења и состаноци со владини институции, единици на локална самоуправа и бизнис заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот