-6.1 C
Скопје

Град Скопје: Во тек е пријавување за субвенции за чистење на оџаци

До овој момент до Град Скопје се пристигнати 99 барања за субвенции за чистење оџак.

Град Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот. До овој момент до Град Скопје се пристигнати 99 барања за субвенции за чистење оџак.

– Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје. Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари, информираат од прес-службата на Град Скопје.

Прочитајте и...  Интервју со градоначалникот на Карпош | Богоев: Не ѝ се погодив на урбаната мафија!

Оттаму посочуваат дека субвенциите важат и за исчистени оџаци од 01.01.2020 година, a Јавниот повик трае заклучно со 30 ноември 2020 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен”, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020 година. Додаваат дека препорачливо е оџаците да се чистат три пати годишно, двапати во текот на грејната сезона и еднаш кога е таа завршена.

Повеќе информации за јавниот повик, граѓаните ќе може да најдат можете на следната интернет врска – https://skopje.gov.mk/media/4997/javen-povik-cistenje-odzaci-2020.pdf .

Целта на овој проект, се наведува во соопштението, што Град Скопје го реализира континурано е намалување на загаденоста на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5).

Прочитајте и...  Си-Ен-Ен: Трамп утре ќе објави околу 100 помилувања и намалувања на казни

– Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците. Познато е дека опасноста од запуштени и неисчистени оџаци е голема. Не само што загадувањето и емисијата на ПМ 10 честички е голема, туку се загрозува и безбедноста на корисниците ако не се спроведува редовно чистењето, посочуваат од Град Скопје.

Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018 и 2019 година, кога беа доделени вкупно 634 субвенции.

Прочитајте и...  Шилегов не спие: Скопје ќе добие автобуско метро

Поврзани вести

Лавина во Русија: Властите стравуваат дека се затрупани 12 лица

Слободен печат

Почина хрватскиот амбасадор во Франција

Слободен печат

„Децата останаа сираци, без мајка, баба и дедо“: Погребани жртвите и убиецот од трагичниот настан во селото Расно

Слободен печат

Истражување: Јужноафриканската варијанта на коронавирус полесно се пренесува

Слободен печат

Портпаролот на Џонсон: Навални веднаш да биде ослободен

Слободен печат

Царовска: Нудиме реформа која се фокусира на знаењата на децата, интеграцијата не значи намалување на часовите

Слободен печат

Остави Коментар