Град Скопје во свои раце ги зема инспекциските служби од општините за да нема дивоградби како „Мавровка“

Инспекторите имаат проблем со малите плати кои според нив не соодвејствуваат на одговорноста и тежината на нивната професија, а и интегритетот им е намален, се соочуваат со напади, се чувствуваат небезбедно и незаштитено.

Истражување на НВО Инфоцентар укажува на тоа дека општините во Македонија немаат доволно човечки, финансиски и технолошко-технички капацитети за да организираат ефикасна инспекциска служба. Речиси и да нема општина во која се пополнети сите предвидени инспекторски позиции, па оттаму во некои општини постои практика еден инспектор да врши инспекциски надзор во повеќе области, што според Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар, е опаснос да не се заврши инспекцискиот надзор според сите критериуми.

Општинските инспектори се назначени од градоначалникот и нему директно му одговараат. Ова претставува опасност за интегритетот на инспекторите, односно претставува ризик од корупција. Ова претставува опасност за интегритетот на инспекторите односно претставува ризик од корупција, поради фактот што општините истовремено се и даватели на услуги и вршат инспекциски надзор над тие услуги, вели Бејкова.

Од друга страна, резултатите на истражувањето говорат дека инспекторите имаат проблем со малите плати кои според нив не соодвејствуваат на одговорноста и тежината на нивната професија, а и интегритетот им е намален, се соочуваат со напади, се чувствуваат небезбедно и незаштитено.

-Инспекторите не можат ништо против прекшителите, без полициска интервенција, не успеваат ниту да ги легитимираат сторителите, бидејќи авторитетот на инспекторите им е срушен, бидејќи немаат право да казнуваат, рече градоначалникот на Ѓорче Петров. 

Се подготвува меѓуопштински договор со скопските општини, кој Град Скопје ќе ја преземе надлежноста на инспекцискиот надзор во Скопје.

-Град Скопје и сега е подготвен да ја преземе надлежноста за целокупниот инспекциски надзор во доменот на надлежностите на локалната самоуправа на територија на целиот град. Се подготвува меѓуопштински договор кој до крајот на овој месец треба да го потпишеме заедно со 10-те скопски општини преку кој ќе се изврши централизирање на инспекцискиот надзор на територијата на главниот град, под капата на Град Скопје. Во тек е финално усогласување на ставовите кое ќе резултира со конечен предлог. Целта на ова е да се избегнат случаите каде што некој може да помисли, а камоли да започне да гради дивоградба во центарот на Скопје, каков што беше случајот со дивоградбата кај „Мавровка“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот