Град Скопје в недела организира Ден без автомобили

Луѓе го користат топлото време за да прошетаат и спортуваат во познатиот Гринвич Парк / Април 2020, Лондон, Велика Британија / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Под мотото „Улици за луѓе”, Град Скопје на 30 мај организира Ден без автомобили, со цел промоција на политиките за креирање одржлив сообраќаен систем, но и да се даде можност граѓаните активно да се вклучат и да ги почувствуваат придобивките од хуманизацијата на урбаниот простор.

-За таа цел, улицата „Васко Карангелевски” во Аеродром ќе биде затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот. На потегот од булеварот Јане Сандански до крстосницата со улицата „Владимир Комаров” ќе се случуваат различни културни активности за возрасните, но и за најмладите, информира Град Скопје.

Ваквите активности, како што соопшти Град Скопје одат во прилог на зацртаната цел на Град Скопје да се стекне со титулата „Зелена престолнина во Европа”.

-Таму, токму одржливата урбана мобилност е еден од дванаесетте критериуми и особено е нагласено дека Градот треба да се стреми кон преполовување на употребата на автомобили со конвенционални фосилни горива до 2030 година, се вели во соопштението.

Од Град Скопје истакнаа дека спроведувањето на проектот за брз автобуски превоз, се очекува да донесе трајно намалување на употребата на индивидуални моторни средства, но за да се постигне тоа, граѓаните треба да се навикнуваат да ги оставаат своите автомобили дома, за почеток во деновите наменети за одмор и рекреација. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот