Град Скопје: Со над 3 000 пријави исполнети се финансиите за јавниот повик за субвенции за велосипеди

Јавниот повик за субвенции за велосипеди е затворен, поради големата заинтересираност и исполнување на предвидените средства. На јавниот повик аплицирале вкупно 3 057 граѓани, со што се исцрпени предвидените финасиски средства, информира Град Скопје.

Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за велосипед беа предвидени 8,5 милиони денари. Во изминатите години доделени се над десет илјади субвенции за граѓаните кои купија велосипед.

Јавниот повик беше објавен на 19 април оваа година, се аплицираше онлајн на линк објавен од Градот Скопје. Од Град Скопје велат дека граѓаните покажале голема заинтересираност за проектот, а со тоа покажале и висока свест за заштита на животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот