Град Скопје со благодарница за великанот Лазар Лечиќ

Градоначалникот Петре Шилегов денеска оствари средба со кошаркарските легенди од поранешна СФРЈ кои престојуваат во Скопје по повод одбележувањето на 80. роденден на кошаркарскиот тренер Лазар Лечиќ. За неговиот исклучителен придонес во креирањето и подемот на македонската модерна кошарка, Шилегов му додели благодарница на Лечиќ – незаменливиот мотиватор на многу кошаркарски генерации.

Лечиќ од Град Скопје доби и плочка со гравура од Камениот мост и се заблагодари за укажаната почит.

На денешната средба што се одржа во просториите на Град Скопје „златните момчиња на југословенската кошарка“ споделија анегдоти за нивните настапи на домашните и меѓународните натпреварувања, зборуваа за значењето на освоените медали и за иднината на овој ултра популарен спорт.

Во чест на великанот Лазар Лечиќ и неговиот 80. роденден денеска ќе се одржи и Академија во организација на Македонскиот олимписки комитет, Македонската кошаркарска федерација, Агенцијата за млади и спорт, КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром. Целта на организаторите е да му оддадат признание на овој спортски великан за се што направил за македонската и за југословенската кошарка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот