Град Скопје распиша конкурс за решение за новиот парк во Карпош

Рокот за предавање на конкурсните трудови е 16 март 2020 година, а оценувањето на трудовите ќе го врши жири комисија составена од вработените во Град Скопје.

Градот Скопје го распиша конкурсот за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за новиот парк во Општина Карпош. Конкурсот е општ и анонимен и право на учество имаат сите правни и физички лица.

Како што информираат од Градот, вкупниот награден фонд за конкурсот е 620.000 денари, односно првата награда е 310.000 денари, втора награда 185.000 денари и трета награда 125.000 денари.

Рокот за предавање на конкурсните трудови е 16 март 2020 година, а оценувањето на трудовите ќе го врши жири комисија составена од вработените во Град Скопје.

-Предложениот дизајн треба да одговори на потребите на сите граѓани на Градот Скопје, меѓутоа и на оние во станбените населни во негова непосредна близина. Истиот треба да биде корисен, фунционален и одржлив преку оригинални, креативни и иновативни идеи, информира Град Скопје.

Урбаната опрема, како што се наведува во соопштението, треба да ги задоволува сите старосни групи, да биде ергономска, функционална, безбедна, како и лесно пристапна и одржлива. Сите применети материјали, како и дизајнот во целина треба да се карактеризираат со трајност, квалитет и да се во согласност со најсовремените светски стандарди за ваков или сличен тип на објект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот