Град Скопје преку јавен повик ќе избира приватни автобуски превозници

Фото: Слободен печат / Марина Дамческа

Град Скопје ќе распише јавен повик на кој ќе можат да се пријават сите заинтересирани автобуски превозници во Скопје кои и до сега превезувале патници, но овој пат на повикот ќе имаат можност да учествуваат како поединци а не како што беше случај до сега во рамките на двете здруженија „Макекспрес“ и „Слобода превоз“.

Ова го најави градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, која меѓу другото, во целост ја отфрли информацијата која вчера проструи во јавноста дека скопјани наскоро ќе ги возат автобуси сопственост на приватна фирма од соседството.

– Во Град Скопје освен што ќе возат автобусите на ЈСП, исто така Град Скопје изготви и нов јавен повик каде што на секој од досегашните поединечни превозници ќе му биде понудено директно и индивидуално да си аплицира, да си добие линија, со исполнување на условите кои ќе бидат објавени во јавниот повик и се со цел да може да се обезбеди соодветен јавен превоз – информираше Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот