Град Скопје: Поради коалиција ВМРО -ДПМНЕ и СДСМ во Советот, скопјани нема да добијат 50 нови автобуси

Советниците на Град Скопје денеска не прифатија на дневен ред на седницата по четврти пат да се стави предлогот за набавка на нови еко-автобуси за потребите на граѓаните, па според градоначалничката Данела Арсовска, поради коалиција  ВМРО -ДПМНЕ и СДСМ во Советот на Градот Скопје, скопјани нема да добијат 50 нови, модерни и еколошки автобуси.
 ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обединети кога станува збор за паушалите од по 500 евра кои ги земаат советниците, обединети по однос на паушалите кои ги земаат нивните кадри во надзорните и управните одбори, обедините кога се работи за партиските вработувања, но се нема слух кога станува збор за интересите на граѓаните. Славевски како и останатите советници од ВМРО-ДПМНЕ се шетаа од врата на врата промовирајќи ја програмата „За модерно Скопје“ на градоначалничката Данела Арсовска, а сега откако станаа дел од Советот работат спротивно на интересите на граѓаните и прават се за програмата која ја доби довербата на граѓаните да не се исполни. Но тоа не е се бидејќи коалицијата ДПМНЕ – СДСМ во Советот на Град Скопје продолжува да се служи со лаги и манипулации . Градот ниту е пред банкрот, ниту ќе банкротира и прави се што е технички возможно да ги врати долговите кои ги наследил од претходните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои работеле недомаќински и ги задолжиле скопјани за милионски суми – се вели во соопштението од Град Скопје.
Оттаму велат дека Градот Скопје нема да прави компромис со вистината, ниту пак со проектите кои  ги ветиле пред граѓаните, и дека програмата „За модерно Скопје“ ќе се реализира на еден или на друг начин им се допаѓало тоа на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот