Град Скопје почнува со одбележување на Европската недела на мобилност

Град Скопје од денеска почнува со одбележување на Европската недела на мобилност што годинава се одржува под мотото „Пешачи со нас – Сигурно пешачење и возење велосипед”.

Во текот на оваа недела ќе бидат организирани низа настани со кои Градот ќе се обиде да ги поттикне граѓаните да ги променат навиките и почесто да користат активни начини на движење или да го комбинираат пешачењето и возењето велосипед со користење јавен превоз.

Ќе се организираат работилници и трибини посветени на активностите на Град Скопје кои придонесуваат за подобра мобилност во градот, за зголемување на безбедноста во сообраќајот, за придобивките од пешачењето и возењето велосипед, за електричните тротинети и за влијанието на транспортот врз климатските промени. Со одржлива туристичка тура до Матка ќе се промовира комбинираниот превоз до рекреативните центри, а во четврток попладне, улицата „Димитрија Чуповски” ќе биде затворена за сообраќај бидејќи на коловозот ќе се организира Вело фиеста – дружење и забава за граѓаните. Традиционалното велосипедско дефиле по градските улици ќе се одржи во петок.

Партнер на Град Скопје во реализацијата на овој проект е здружението на граѓани „Македонски зелен центар”, а во организирањето учествуваат и Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, скопски општини, средни училишта и центри на култура на Град Скопје, GIZ, Црвениот крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонската велосипедска федерација, Цементарница Титан, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои Прв до врв, Еко свест, Еко логик, Go green, Смарт Ап, Електромобилност и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот