Град Скопје: Пајак службата подигнала 142 непрописно паркирани возила од јавните површини за една недела

Подигање неправилно паркирано возило / Фото: ЈП „Градски паркинг“

Во текот на изминатата недела со специјалните „пајак возила“ се отстранети вкупно 142 возила од јавните површини во Град Скопје. Од вкупниот број на непрописно паркирани и подигнати возила, 18 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 124 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Како што соопштуваат од Град Скопје, контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 218 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 18 возилo се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

– Град Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг” апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, се вели во денешното соопштение од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот