Град Скопје: Остануваат средства за уште околу 3.000 барања за субвенции за инвертери

клима уред

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.150 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.000 барања, информираат од Град Скопје.

Оттаму ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата. Жителите на Скопје може да аплицираат онлајн.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01 јануари 2020 година, до завршувањето на повикот на 30 ноември или до денот на исцрпување на средствата.

– На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ, објаснуваат од Град Скопје.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување ќе ги најдете на следниов линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот