Град Скопје: Обезбеден организиран превоз за студенти и ученици со попреченост

Организираниот превоз на учениците и студентите со попреченост кои следат настава во средните училишта или факултетите во Град Скопје се реализира со адаптиран автобус и минибус комбе/ Фото: МИА

За ученици и студенти со попреченост е обезбеден организиран превоз од нивното место на живеење до средните училишта и факултетите во Скопје каде што учат и студираат и назад, со адаптирани возила, за што Градот Скопје и ЈСП склучија договор. Станува збор за активност на Градот Скопје што е во согласност и со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во град Скопје, за 2022 година.

Организираниот превоз на учениците и студентите со попреченост кои следат настава во средните училишта или факултетите во Град Скопје се реализира со адаптиран автобус и минибус комбе. Возилата се комплетно адаптирани на потребите на корисниците со можност за влез на инвалидска количка и други додатоци.

Вкупно 80 ученици и студенти со попреченост го користат овој вид превоз. Здружението на студенти и младинци со попреченост директно со целната група и возачите прави неделен распоред и организира маршрути.

Градот Скопје е посветен на значително подобрување на квалитетот на живеењето на студентите и младинците што припаѓаат на оваа ранлива група, за да се овозможи поголема мобилност, полесен пристап на лицата со попреченост до училиштата и факултетите, вклучување во редовниот образовен процес и обезбедување самостојност и независност во движењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот