Град Скопје ќе прска против ларви од комарци

Прскање против комарци / Фото: Град Скопје

Во петок ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје, информираат од општината.

Авионската дезинсекција ќе се врши во раните утрински часови, додека, терестричната дезинсекција во текот на денот.

Од Град Скопје дополнуваат дека доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, и ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот