Град Скопје ќе добие 956 дрвја од проектот „ЕУ за чист воздух“, ќе бидат засадени во паркот во Карпош

Фото: ЈП „Улици и патишта“

Неделава на Град Скопје ќе му бидат испорачани 956 дрвја од 16 различни видови, преку проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран од Европската унија. Оваа иницијатива, која ја спроведува Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС), претставува значаен чекор кон создавање поздраво опкружување и зајакнување на отпорноста на градот на климатските предизвици.

Разновидноста на видовите гарантира биодиверзитет и придонесува за одржлив урбан екосистем. Дрвјата, внимателно избрани поради нивната адаптабилност на локалната средина и способноста за подобрување на квалитетот на воздухот преку филтрирање на загадувачите и намалување на CO₂, ќе бидат засадени во новиот парк во Карпош од страна на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во текот на оваа седмица. Оваа иницијатива за садење ги поддржува општите цели на градот за намалување на загадувањето на воздухот, ублажување на ефектите од урбаните топлотни острови, подобрување на микро-климата, намалување на бучавата, регулирање на хидролошките циклуси и обезбедување поголем пристап до зелени површини за жителите, информираа од УНОПС.

Проектот „ЕУ за чист воздух“, финансиран со 10 милиони евра од Европската унија, е насочен кон практични мерки за намалување на загадувањето и унапредување на јавното здравје. Покрај садењето дрвја, проектот вклучува и унапредување на станиците за мониторинг на квалитетот на воздухот, модернизација на системите за греење во јавните објекти и промоција на одржлива урбана мобилност. Преку овој проект, Град Скопје веќе доби шест еколошки автобуси за потребите на ЈСП „Скопје“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот