Град Скопје ќе го субвенционира чистењето оџаци во 2020

Субвенциите ќе важат и за исчистени оџаци од 1 јануари, а јавниот повик кој ќе се реализира по принципот„прв дојден прв услужен”, ќе биде отворен до 30 ноември.

Градот Скопје наскоро ќе објави Јавен повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2020 година.

Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, се наведува во соопштението и се додава дека изминатите години субвенцијата била во износ најмногу до 1.000 денари.

Субвенциите ќе важат и за исчистени оџаци од 1 јануари, а јавниот повик кој ќе се реализира по принципот„прв дојден прв услужен”, ќе биде отворен до 30 ноември или до реализирање на средствата во износ од два милиони денари предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020.

На јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните и други субјекти за чистење на оџаците може да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје, се наведува во соопштението и се додава дека чистењето на оџаците придонесува за намалување на аерозагадувањето во текот на грејната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот