Град Скопје ќе даде три милиони денари помош за настраданите во земјотресот во Измир

Советот на Град Скопје на денешната 9-та вонредна седница донесе Одлука за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Измир. Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари, износ што го доделуваат на сите градови за вакви и слични неприлики.

Градоначалникот Шилегов на седницата истакна дека Скопје знае што значи солидарноста во време на природни катастрофи и затоа потребата да се помогне на нашите пријатели во неволја е нужна и неминовна.

Тој, до градоначалникот на Измир, Тунч Сојер, упати длабоко сочувство за настраданите и му посака брзо санирање на штетите и враќање на животот во нормала.

Бројот на жртвите од силниот земјотрес што се случи во петокот во егејскиот регион се искачи на 81.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот