Град Скопје: Исклучиво сме надлежни за носење ГУП, постапките за ДУП ги носи општина Карпош

Бараки Град Скопје
Фото: МИА

Градот Скопје не учествувал во постапката за поништување на претходниот урбанистички план во општина Карпош, за да преземе каква било одговорност за каква било штета настаната поради суспензија на претходен урбанистички план, ниту учествувал во постапката за продажба на земјиштето, соопшти денеска прес-службата на Град Скопје.

– Градоначалникот на Карпош наместо вината да ја бара во неговиот претходник, се обидува да изврши медиумски и институционален притисок врз градот, за позитивно мислење на одреден урбанистички план, се наведува во соопштението.

Се додава дека Градот Скопје е исклучиво надлежен за носење на Генерален урбанистички план, а во постапките за Детален урбанистички план единствено дава мислење по однос на истиот, покрај останатите институции како што се Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за катастар на недвижности и други, а најважно, конечен носител на било кој ДУП е Советот на општина Карпош.

– Како Град Скопје, ги имаме предвид барањата и потребите на жителите на Скопје и во ниту еден случај нема да дозволиме да се постапи спротивно на интересите на скопјани, се нагласува во соопштението.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот