Град Скопје го демантира ВМРО – Коце Трајановски ПОТПИША со истата фирма

Фото: Фејсбук

Градот Скопје целосно ги отфрла невистините изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во однос на соработката со компанијата ФЛАЈ КЕМ ДООЕЛ Скопје, соопштија од Град Скопје.

Градот Скопје целосно ги отфрла невистините изнесени за досегашната соработка со оваа компанија, како и за наводните нерегуларности.

Во прилог е целосното соопштение:

“Сакаме да ја информираме јавноста дека нашата соработка се заснова на јавен повик за јавна набавка распишан од Градот Скопје, која е помината низ сите законски постапки и спроведена јавна набавка на која можат да учествуваат сите компании кои ги исполнуваат условите.

Град Скопје ја уверува јавноста дека сите законски прописи се запазени и дека нема никаков простор за сомнежи и шпекулации, а воедно апелира до сите компании и приватни лица, доколку имаат какви било забелешки и индиции дека постои некакво прекршување на законот, истото да го пријават до надлежните институции.

Станува збор за Јавна набавка за изнајмување на опрема за висинско набљудување на терен, диви депонии и останати зони во градот, која е целосно легална и постапката за истата е извршена согласно сите законски норми. Оваа јавна набавка е во зголемување на техничките можности на Инспекторатот на Град Скопје во мапирањето на диви депонии, а во насока на подобрување на животната средина и борбата против создавањето на диви депонии.

Посочената компанија која е избрана на јавниот повик е компанија со која Град Скопје има соработка и во минатото, поточно во 2016 година, кога истата по пат на јавна набавка е избрана за Изработка на видео документација за тековни инвестициони и инфраструктурни проекти на Град Скопје. За потсетување, во 2016 година градоначалник на Град Скопје и потписник на овој договор е Коце Трајановски, градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.“

 [ReviewDisclaimer]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот