Град Скопје ги намали износите за фирмарина за 2020 година

Обврзници кои веќе извршиле уплата со целосниот износ наведен во решението, од Град Скопје укажуваат дека тој ќе се префрли за наредната година или по завршувањето на вонредната состојба, на барање на таксениот обврзник, ќе се изврши враќање на натплатениот износ.

Град Скопје ги известуваме сите обврзници дека е извршена целосна системска корекција на решенијата за фирмарина за 2020 година по намалени износи, а кои се однесуваат на Тарифниот број 1.

Доколку таксените обврзници сакаат да добијат коригиран примерок од решенијата, истите може да ги испечатат на официјалниот портал на Град Скопје https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml и тоа во ставката ДАНОЦИ, каде што е потребно да се регистрираат и понатаму да ги следат упатствата кои водат до саканиот чекор.

Во однос на тие обврзници кои веќе извршиле уплата со целосниот износ наведен во решението, од Град Скопје укажуваат дека натплатениот износ за такса ќе се префрли за наредната година или по завршувањето на вонредната состојба, на барање на таксениот обврзник, ќе се изврши враќање на натплатениот износ.

Измените се согласно Одлука за изменување и дополнување на „Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје” донесена од Советот на Град Скопје, со која започнувајќи од 01.01.2020 година се изврши измена во Тарифниот број 1 на Одлуката, и се намали комуналната такса за фирма, како  дополнително олеснување на финансиската состојба на таксените обврзници кои вршат дејност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот