Град Скопје донесе одлука да ги откаже екскурзиите на сите средни училишта (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат

Градот обезбедил средства за хигиена за училиштата, а градоначалникот ги потсети раководствата на училиштата, да ги стават во употреба обезбедените средства.

Во обид да се спречи ширењето на коронавирусот во Македонија, училиштата ќе ги откажат или одложат на неопределено сите планирани екскурзии. За ова денеска на прес конференција информираше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

–Согласно со задолженијата добиени од Владата на Република Северна Македонија сите училишта своите планирани патувања и екскурзии во Република Италија ќе ги откажат или одложат на неопределено време. До крајот на оваа недела ќе биде одржан и едукативен час за превенција од вирусот согласно со препораките на Светската здравствена организација и Владата на РСМ – најави Шилегов, и додаде дека денеска до директорите на средните училишта издал наредба раководните органи во училиштата внимателно да ги следат и целосно да се придржуваат на препораките за превенција и справување со корона вирусот кои ги даваат надлежните институции.

Градот обезбедил средства за хигиена за училиштата, а градоначалникот ги потсети раководствата на училиштата, да ги стават во употреба обезбедените средства.

– Училишните раководства се задолжуваат да ги стават на користење средствата што ги обезбеди Градот, да одржуваат највисоко ниво на хигиена, применувајќи ги сите санитарни-хигиенски средства и активности кои им се на располагање. Градот Скопје има обезбедено доволно количини антибактериски сапуни за училиштата. Градот Скопје како основач и надлежна институција за средните училишта, непрекинато и одблизу ја следи состојбата во училиштата и ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на здравјето на сите членови на училишните заедници – нагласи Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот