Град Скопје: Целосно се реконструира улицата Јустинијан I во Драчево

Град Скопје заврши со втора фаза на реконструкција на улицата Јустинијан I во населено место Драчево, општина Кисела Вода и тоа од улица Малешевска до улица Славка Динкова.

– Минатата недела се заврши првата фаза од мостот на Маркова река до улица Малешевска со што оваа улица е реконструирана во вкупна површина од 7 000 м2 и должина од 1 000 метри. Во Драчево, Град Скопје продолжува со реализација на проектот за целосна реконструкција на улицата Славка Динкова која е поврзана со Јустинијан I, и тоа во вкупна должина од 1.175 метри, а едновремено се врши за прв пат и изградба на атмосферска канализација – стои во објавата на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот