Град Скопје бара нови помлади соработници за присилна наплата и заверка на документи

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Конкретно, Градот бара нови помлади соработници за присилна наплата и заверка на документи, за млади и за средно образование, за евиденција на податоци од областа на образованието и животната средина, за превод на албански јазик, за внатрешна ревизија…

Град Скопје вработува дваесетина нови луѓе, според огласот објавен од страна на Агенцијата за администрација, Градот бара 21 извршител за 20 работни позиции. Заинтересираните кандидат ќе може да пријавуваат до крајот на месецов.

Конкретно, Градот бара нови помлади соработници за присилна наплата и заверка на документи, за млади и за средно образование, за евиденција на податоци од областа на образованието и животната средина, за превод на албански јазик, за внатрешна ревизија…

Понатаму, локалната самомоуправа бара соработници и виши соработници за култура, за европски интеграции, за водење на бази на податоци за невладини организации, за координација на активностите на градоначалникот, за поддршка на комисиите на советот на Град Скопје…

Исто така, се бараат и раководители на одделението за занаетчиство, угостителство и трговија, на одделението за стратешко управување со животната средина, како и на одделението за меѓународна соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот