Грац ја доби првата градоначалничка од Комунистичката партија

Елке Кар
Новата градоначалничка на Грац, Елке Кар/ Фото EPA/GEORG HOCHMUTH

Градскиот совет на Грац, вториот по големина град во Австрија, денеска гласаше за нов градоначалник. Членот на Комунистичката партија Елке Кар на тој начин стана првиот комунистички лидер на еден голем град во земјата, пренесува Киндерзејтунг.

60-годишната политичарка работела во градската администрација повеќе од 15 години и била заменик градоначалник на Грац. Таа е член на Комунистичката партија на Австрија (КПО) речиси 30 години.

„Кој би помислил дека ќерката на бравар, комунист, ќе стане градоначалник“, вели таа.

Во своето прво обраќање по гласањето, Кар изјави дека нејзини приоритети ќе бидат борбата против пандемијата на Ковид, политиката за домување и задушувањето на градежната мафија.

Комунистите веќе направија коалиција со Зелените и социјалдемократите и направија друг преседан – лидерката на зелените Џудит Швентнер беше избрана за заменик градоначалник и најави дека ќе се бори за заштита на животната средина и подобрување на животниот стандард на посиромашните групи.секое дете во градот .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот