Грабеж во Флорида, украдени 30 вакцини против коронавирус

EPA EFE
Вакцина Фајзер против ковид-19 / фото: ЕПА

Полицијата во Флорида го истражува случајот на грабеж на автомобил кој пренесувал вакцини против коронавирус вредни 10.000 долари.

Полицијата во градот Плент Сити бара човек осомничен дека украл 30 шишенца од автомобилот паркиран во близина на центарот за вакцинација, пренесува АП.

Возачот на компанијата која доставува вакцини против коронавирусот излегол од автомобилот за да се распраша за патот на кој треба да оди, па го оставил автомобилот со запален мотор и отклучен.

Возачот (21) не бил осомничен за грабежот, изјавиле од полицијата.

Според извештајот на полицијата, од автомобилот исчезнале 30 шишенца вакцини, фрижидер и средство кое служи за ладење, но се уште не е разјаснето дали автомобилот бил ограбен заради тоа што пренесувал вакцини.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот