Грабар-Китаровиќ: Претседателската кампања не е започната, нема причина за соочување со ОБИЧНИ ГРАЃАНИ

Кабинетот на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ објави дека официјалната претседателска кампања не е започната, па нема причина таа да се „соочува со обични граѓани”.

Соопштението е реакција на барањето на претседателските кандидати Зоран Милановиќ и Мирослав Шкоро јавно да се соочат со Грабар-Китаровиќ.

„Ниту Милановиќ, ниту Шкоро сè уште немаат собрано 10.000 потписи, така што не се ни официјални кандидати, ниту пак е почната кампањата. Кога ќе се распишат изборите – може, барем претседателката никогаш не бегала од луѓе и комуникација пред публика. Но, за сега, Зоран Милановиќ за нас е обичен граѓанин, па зошто претседателката на Републиката би се соочила со граѓанинот Милановиќ. Нема причина за тоа”, се наведува во соопштението од Кабинетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот