ГП Богородица не е загрозен од пожарот, функционира нормално

Граничен премин граница
Граничен премин / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Пожарот, што попладнево избувна на потегот меѓу месноста Милци и Граничниот премин Богородица, не ја загрозува сообраќајната фреквенција на граничниот премин која се одвива нормално и без прекин, соопштија од граничната дежурна служба.

Во попладневните часови состојбата со сообраќајната фреквенција е секогаш порелаксирана поради помалата гужва така што нема поголеми задржувања од петнасетина минути.

Од екипите на терен соопштуваат дека пожарот поради ветрот се движи кон границата со Грција поради што биле информирани и грчките пожарникари од противпожарната единица во Поликастро.

Доколку не се случи промена на правецот на ветрот нема да бидат загрозени граничната караула на АРМ, казиното „Фламинго“ ГП Богородица и бензинските пумпи на „Макпетрол” и „Шимов” во близина на мекедонско-грчката граница.

ВИДЕО | Гори борова шума на потегот меѓу Милци и ГП Богородица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот