Говорот на омраза на етничка основа најзастапен и во декември

epa08568909 Iranians wearing face masks walk on a street of Tehran, Iran, 27 July 2020. According to figures released by the Iranian Health Ministry, 212 death cases from coronavirus disease (COVID-19) and more than 2,400 new cases diagnosed within a 24-hour period. EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Хелсиншкиот комитет за човекови права во декември 2020 година, слично како и во текот на целата 2020 година, нотираше висок број случаи со говор на омраза на социјалните медиуми. Говорот на омраза врз основ на етничка припадност повторно беше на врвот на пријавите, опфаќајќи 48 % од сите случаи регистрирани за тековниот месец. Истовремено, пријавите врз основ на политичка ориентација и сексуална ориентација и родов идентитет повторно забележаа подем во декември, со по 30 % од вкупниот број пријави.

Најголем број од случаите во октомври се однесуваа повторно на пријави поврзани со говор на омраза врз основ на етничка припадност, што беше во постојан пораст од почетокот на глобалната пандемија. Најголем пораст на вакви пријави беше забележан во периодот кога Владата на Северна Македонија обезбеди средства за поддршка на работата на Општина Арачиново, одлука која наиде на остри критики и дискусија во јавноста бидејќи ѝ се даде етничко-политички предзнак.

 

Како и во изминатиот период, Хелсиншкиот комитет продолжи да бележи употреба на крајно хомофобичен тон во јавниот дискурс, со користење навредливи и дискриминаторски зборови. Во овој период беше забележан пораст на говорот на омраза врз основ на сексуална ориентација и родов идентитет по објавата за формирање на Интерпарламентарната група за поддршка на правата на ЛГБТИ-заедницата во рамки на новиот собраниски состав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот