Говорот на Новак го воодушеви светот: Како мал правев трофеј, а сега во рацете го имам шестиот пехар од Вимблдон

Фото: EPA-EFE/STEVE PASTON

Најдобриот светски тенисер ја продолжи доминацијата на грен слем турнирите оваа година со освојување на Вимблдон по победата над Матео Беретини во финалето.
По загубениот прв сет, Ѓоковиќ успеа да направи пресврт и на крајот да слави со 6:7,6:4,6:4,6:3 и направи уште еден чекор кон приматот најдобар тенисер во историјата.

Со триумфот на Вимблдон, Ѓоковиќ дојде до 20. грен слем трофеј во кариерата и се израмни со Рафаел Надал и Рожер Федерер на првото место на вечната листа, но за два месеци ќе има шанса да стане првиот тенисер по Род Лејвер кој го освоил календарскиот грен слем, односно победил на сите четири грен слем турнири во една година.

– Му честитам на Матео, ова беше тежок меч. Сигурен сум дека пред него е голема кариера и ова е само почеток. Игра одличен тенис, и тоа го почувствувам сега но и во Париз – го пофали Новак финалистот Беретини.
Потоа Ѓоковиќ го воодушеви светот објаснувајќи што за него значи освојувањето на Вимблдон.
Да се победи на Вимблдон е најголемиот сон за мене. Постојано повторувам, ништо не земам здраво за готово. Ми беше голема чест и задоволство. Кога имав седум години го правев овој трофеј од се што ќе најдев во мојата соба, а сега стојам со шестиот трофеј од Вимблдон во рацете.

Очекувано, Ѓоковиќ зборуваше за и за 20 грен слем титула.
– Ова значи дека никој од нас тројца нема да застане тука. Им оддавам големо признание на Надал и Федерер, тие се легенди на овој спорт. Тие се двајцата најважни тенисери со кои сум се сретнал во кариерата и тие се причината зошто сум сега тука. Ми помогнаа да сфатам што е потребно за да стигнам до топ 10, губев 3-4 години, но од 2011 година започна неверојатно патешествие кое нема да запре тука – рече Ѓоковиќ кој за два месеци ќе има шанса да го повтори подвигот на Род Лејвер.
– Можам да бидам како се случува тоа, се надевам. Ќе се обидам, се наоѓам во добра форма, играм добро, го играм најдобриот тенисер на грен слем турнирите и одиме понатаму.

Историја на Ѓоковиќ, триумф на Вимблдон за 20. грен слем титула

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот