Говор на Трамп и огномет на Рашмор, во пресрет на Денот на независноста се скараа демократите и републиканците

epa08524068 People visit the Mt. Rushmore National Monument in Keystone, South Dakota, USA, 02 July 2020. US President Donald J. Trump is scheduled to visit Mt. Rushmore on 03 July to celebrate the Independence Day holiday, during which there will be a fireworks display. The monument features the stone carvings of US Presidents George Washington, Thomas Jefferson, Theodore Roosevelt, and Abraham Lincoln. EPA-EFE/TANNEN MAURY

Според медиумските извештаи, домордните индијанци планираат протестна акција за време на посетата на Трамп и критикуваат зошто претседателот празнува во ова за нив свето место.

Во пресрет на Денот на независноста, американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе одржи говор на планината Рашмор во Јужна Дакота и ќе присуствува на огнометот и празнувањето, на кое според некои извештаи можат да дојдат околу 7.500 луѓе.

Огнометот ќе се случи во позадина на познатиот гигантски барељеф со портретите на претседателите Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн,  изрезбан во гранитните карпи на планината Рашмор.

Сличен огномет по повод Денот на независноста овде се нема оддржано уште од 2009 година. Огнометите овде се укинаа поради висока веројатност од пожари во околните шуми. Но Трамп се изјасни дека сака да ја обнови традицијата а властите на Јужна Дакота ја поддржаа идејата со изговор дека „новите технологии на производтсво на огнометна опрема се многу побезбедни”.

Властите изјавија дека нема да применуваат мерки за носење маски или физичка дистанца, и дека организаторот нуди бесплатни маски за секој што сака.  

Според медиумските извештаи, домордните индијанци планираат протестна акција за време на посетата на Трамп и критикуваат зошто претседателот празнува во ова за нив свето место.

Демократите од своја страна ја критикуваат намерата да се организира вакво празнување во време на пандемија. Демократската национална конвенција (ДНЦ), главна организација на Демократската партија, претходно во твит индицираше дека со тоа што оди на Рашмор, претседателот не е во дослух со актуелите протести против расизмот и потегот се јавува „славење на предимството на белата раса”.

Републиканскиот законодавач од Ј. Дакота, Дасти Џонсон, веднаш одговори обвинувајќи ги демократите дека сакаат да ја избришат историјата на САД. ДНЦ потоа го избриша твитот, и на прашање од Ројтерс не објасни зошто го стори тоа.

Од четворицата претседатели, барем двајца, Вашингтон и Џеферсон, биле робовладетели.

Трамп, главната прослава за 4 јули ќе ја оддржи утре во Белата куќа.

Планината Рашмор било свето место за племето Лакота со векови.

До колонизацијата на Америка, индијанското име на живописните гори и шуми било „Шест прататковци” или планина Јагуар. Таа била преименувана во 1930 година во чест на претприемачот Чарлс Рашмор, кој во 1885 година ја извел првата експедиција во делот на планинскиот масив Блек Хилс.

Работите за создавање на споменичен комплекс со ликовите на претседателите траеле од 1927 до 1941 година под надзор на скулпторот Гутсон Борглум. Тој бил член на Кју Клукс Клан. Со барељефот Борглум сакал да ги прослави имињата на претседателите но и да ги истакне високите идеали што секој од нив ги застапувал за доброто на Американците.

Скулпторот има кажано дека Џорџ Вашингтон бил избран затоа што вовел демократија, Томас Џеферсон ја донел Декларацијата за независност, Абрахам Линколн го окончал ропството, а Теодор Рузвелт ја одобрил изградбата на Панамскиот канал. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот