Готвиме со Маја: Печени крилца со сос

готвиме со маја
Фото: Промо

Популарната млада готвачка Маја денеска ви препорачува вкусен и интересен рецепт во две варијанти, печени крилца со сос, познат и рапространет во американската кујна.

Погледнете како вештата и инвентивна Маја ги подготвува превкусните јадења.

Состојки:

Крилца Перутнина Птуј

Сок од 1/2 лимета

1 лажица путер

1 лажица Подравка сенф

1/2 Долчела пециво

1 лажица брашно

Допир Вегета Маестро кари

2 лажички Вегета Маестро лук

Допир Вегета Маестро ѓумбир

Сол и бибер

2 лажици маслиново масло

готвиме со маја
Фото: Принтскрин / YouTube

 

Чили Сос

60 г путер

1 лажица кафеав шеќер

1 лажица алкохолен оцет

1 лажица мед

5 лажици чили сос

1/2 лажичка Вегета Маестро чили

Сол и бибер

Сос од плаво сирење

1 плаво сирење

2 лажици павлака

1 лажица мајонез

2 чешниња лук

1 лажица сок од лимета

Бибер

готвиме со маја
Фото: Промо

Подготовка

  1. Крилцата се ставаат во кеса и се додава сок од половина лимета и убаво се масираат.
  2. Се додава стопен путер, сол и масло и се продолжува со масирање а на крај се додава сенф.
  3. Во подлабок тањир се меша брашното, пецивото и зачините.
  4. Смесата се додава во ќесата и повторно се масираат крилцата.
  5. Тавата за печење се обложува со двострана фолија за печење со алуминиум и се редат половина од крилцата.
  6. Се печат во загреана рерна на 230 степени 25 минути
  7. Останатите крилца се пржат во загреано масло.

Чили сос

  1. Се топи путерот и се додава кафеавиот шеќер и се прави карамел.
  2. Во карамелот се додава алкохолен оцет и се допржува а потоа се додава мед и чили сосот и зачините.
  3. Сето тоа убаво се доварува и се остава да се лади.

Сос од плаво сирење

  1. Плавото сирење се раздробува и се става 30 секунди во микробранова да се растопи.
  2. Се меша павлака, мајонез, здробен лук и се додава на сирењето а потоа и сок од лимета и бибер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот