Готвачот од Тетово, Рене Реџепи повторно меѓу првите во светот (ФОТО)

Фото: Инсајдери

Готвачот Рене Реџепи, по потекло од тетовското село Џепчиште, повторно се најде на главните вести на медиумите. Вчера неговиот ресторан “Нома“, кој е отворен пред само 12 месеци во Копенхаген, Данска, беше рангиран втор на листата на најдобри ресторани во светот. Реџепи ова вест ја објави и на социјалните мрежи.

– Само што бевме номинирани како втор најдобар ресторан во светот! Искрено, ниту еден од нас не сонуваше дека ова ќе се случи. Еден ден некој во кујната рече: “Еј, ние можеме да бидеме број 49!”. Бидејќи не сме дел од листата веќе четири години, а сега да дебитираме со второто место по 12 месеци откако почнавме, е неверојатно за нас. Не сакам да навлезам во политиките која листа или мени е подобра, но само сакам да кажам дека се чувствувам многу горд и среќен со тимот со кој работам секој ден и благодарен сум за сите оние кои гласаа за нас. Благодарение до сите. Но, колку сме среќни во градот кој има два ресторани во првите пет. Честитки за “Гераниум”, кој е на 5-то место на листата. Најголемите честитки се за еден прекрасен мој пријател и најдобриот готвач што го знам, Мауро Колагреко и целиот тим на Миразур! – напишал синоќа Реџепи на Фејсбук.

Рене Реџепи, кој има 42 години, е сопственик на познатите светски ресторани “Нома”. Тој е роден во Копенхаген, но потекнува од Македонија, поконкретно од тетовското село Џепчиште. Неговиот татко е македонски Албанец од тетовско, а неговата мајка потекнува од Данска. Добар дел од неговото детство, Рене го провел во Џепчиште. Неговото петчлено семејство живеело во мал стан во Копенхаген, со ниски приходи, па по извесно време родителите одлучиле да се преселат во Македонија. Животот во рурална средина, бил многу подобар за нив. Тие останале да живеат во Македонија до балканските војни, кога одлучиле повторно да се вратат во Копенхаген.

Во 2011 година Рене Реџепи беше избран за “Најдобар готвач во светот”, а ресторанот “Нома” неколку години по ред ја држеше титулата “Најдобар ресторан во светот“ и “Мишелиновите ѕвездички”. Во 2012 година Рене Реџепи е прогласен за 11. највлијателен човек во светот, а се појавил и на насловната страница на весникот “Тајмс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот