Готвач открива како да направите совршено крем бруле од само 3 состојки (ВИДЕО)

Готвачот аматер, Шеф Шакил, на „Tik Tok” објавил туторијал како да направите совршено крем бруле, кој е прегледан повеќе од еден милион пати, пренесува „The Sun”.

Крем брулето е веројатно најпознатиот и најпопуларен француски десерт кој се прави ширум светот.

Се што ви е потребно за него се половина шолја сладолед од ванила, 1 јајце и 1 лажичка шеќер, како и сад за сервирање – овие мерки се за една порција крем бруле.

@shefshaqYou do NOT need a blow torch. ? ##food ##foodlover ##easyrecipes ##quickrecipes ##foryou ##foryoupage ##fyp ##baking

♬ original sound – shefshaq

„За почеток истопете го сладоледот во микробранова печка, а потоа додадете жолчка во секоја порција која ја приготвувате. Јас правам две порции па затоа користам две жолчки. Ставете го сладоледот во секоја од порциите и измешајте, а во меѓувреме ставете малку топла вода во длабока тава за печење.

Ставете ги садовите со крем бруле во водата и печете на претходно загреана рерна на 160 Целзиусови степени, 45 минути. Извадете ги, оставете да се изладат на собна температура, а потоа прекријте ги со стреч фолија и оставете ги во фрижидер најмалку 2 часа.

Следниот важен чекор е правењето на крцкавиот карамел.

„Растопете малку шеќер на тивок оган додека не се карамелизира и додека е се уште течен, налејте го на врвот на секој сад. Морате да бидете брзи пред шеќерот да се стврдне”, советува готвачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот